Saturday, February 6, 2010

Прашањата кои сакав Чомовски да и ги постави на министерката за култура во вечерашните вести на А1:

Прашањата кои сакав Чомовски да и ги постави на министерката за култура во вечерашните вести на А1:
  • Велите дека процесот на осмислување на центарот на градот е отворен за нови иницијативи. Што значи тоа? Од каков тип може да бидат иницијативите и кој може да ги дава?
  • Како точно ќе тече процесот на доосмислување на новиот плоштад? До кога граѓаните ќе можат да даваат предлози за измена на плоштадот и каде?
  • Како точно е одразен мултиетничкиот карактер на државата во културните политики кои вие ги спроведувате? Колку проекти (со бројки) се финансирани за културата на етничките заедници на Албанците, Ромите, Турците, Власите итн. во 2009?
  • Како е одразен родовиот аспект во решенијата (спомениците) понудени за центарот на Скопје?
  • Го претставувате концептот за центарот на Скопје како заедничко решение/идеја на Министерството за култура, Град Скопје и Општина Центар. Зошто се дистанцирате од контроверзни прашања и ја префрлате одговорноста на општината - како на пример за тоа кој и како одлучува за изборот на спомениците во градот?
  • Во врска со Енциклопедијата издадена од МАНУ, како може таква публикација да се испечати со пари од Министерството за култура? Зарем нема Министерството процедури на контрола на квалитетот на културните производи за коишто дава пари и процедури на отчетност на „грантистите“ на кои има дава средства? Зарем не добива Министерството нацрт-верзија на книгата пред да се печати?
  • Зарем е доволно тоа што сте ја добиле деовербата на народот согласно вашата понудена предизборна програма за да не дозволите/понудите јавна дебата за проектите од програмата? Зарем не сметате дека штом веќе ја имате довербата од граѓаните дека тогаш може само да добиете подобар/збогатен концепт за центарот на градот?

6 comments:

Nikica said...

Кикче, а да им ги испратиш прашањава на новинарите, може некој и ќе ја праша ;-)?

Развигор said...

Други прашања на темава
1. што е поентата со лавовите
2. каква е тоа композиција ѓоа кочијата на Бранденбуршка капија на врв на зградата на Дал мет фу и
3. како е решен паркингот за/околу јавните згради од левата страна на Вардар - или ќе се потпрат само на подземната гаража на МНТ/МОБ.

Unknown said...

1.Дали и кога живееле лавови во Скопје?Кога имало Скопска Порта(имало авлии).Дали не ќе беше подобро да се отвореа нови фабрики па од даноците што ке се прибираат да се градат и поставуваат други чистачи,бикови и разни животинки покрај нашите славни цареви и кралеви,револуционери и Херои.Браво за мостовите (на секој 20м.)За Бранителите,Полицајците,Краварите,Јаболкарите,Земјоделците,Стечајците да не се секирате саме ке се снајдат.Снаодлив е народецот наш.

Развигор said...

Министерката се пофали со инвестициите во археологијата и пронајдените артефакти. Зошто за ниедно такво откритие одговорните немаат објавено трудови во релевантни научни списанија?

Без тоа тие откритија се буквално невидливи за светската научна јавност, која не ја интересира дали некој политичар медиуми го сликале на некое наоѓалиште.

shuipmarku said...

Odgovor na razvigor?
Lavovi ne ziveele vo Makedonija nikogas, no vie ne go razbirate futuristickite proekti, So GLOBALNOTO ZATOPLUVANJE i vo Skopje ke se stvarat uslovi da ziveat lavovi.
Kamerun m oze da mu nosi voda!b

Anonymous said...

Vlada na RM vo 2009 odvoila priblizno 400 000 evra za sproveduvanje na Strtegijata za Romite vo RM i Nacionalnite akcioni planovi. A 2010 za 30% pomalku finansiski sredstva sporedbeno so minatata godina